Ресторански систем за Македонија

Нарачување со QR & Дигитално мени

EasyOffer е целосен ресторански систем: QR нарачување, дигитално мени, POS, админ панел, апликација за келнери и киоск за самопослужување — сè на една платформа. Бесплатно 1 месец.

Претпочитате е-пошта? Испратете ни формулар

Plaset
Starbar
Fish House Delfin
Athena
Lovah Caffe
Lokmades
Micasa
MyWay
Boen
Zaho
Parajsa e Sharrit
Sofra Grill
40+
Задоволни клиенти
500K+
Процесирани нарачки
40%
Побрза услуга
2M+
QR Скенирања

Како работи QR нарачувањето

Од скенирање на кодот до испечатена нарачка во кујна — во три чекори.

  1. 1

    Поставуваме QR кодови на вашите маси

    Секоја маса добива свој QR код поврзан со вашето дигитално мени. Инсталацијата трае во просек 1-2 часа.

  2. 2

    Гостите скенираат и нарачуваат од телефон

    Без преземање апликација — менито се отвора во прелистувач и гостинот нарачува директно од масата.

  3. 3

    Нарачката веднаш се печати во кујната

    Нарачката излегува на кујнскиот или шанк принтерот штом гостинот ќе потврди — без одење на келнерот.

Моќни карактеристики

Сè што ви треба за ефикасно водење на вашиот ресторан.

Управување со мени

Организирајте категории и производи, менувајте цени и слики — секоја промена веднаш се гледа во менито.

Анализа на продажба

Детални извештаи за продажбата за различни временски периоди.

Управување со персонал

Додавајте и управувајте со членови на персоналот и следете го нивното работно време.

Управување со маси

Поставете распоред на масите, гледајте кои се зафатени и префрлајте или спојувајте сметки меѓу нив.

Контрола на залиха

Привремено деактивирајте производи кои ги нема на залиха.

Кујна: печатач или екран

Нарачките одат директно на печатачите во кујна и бар, или на екран во кујната со статус и време на чекање, наместо ливчиња.

Работа офлајн

При прекин на интернетот системот продолжува да работи и се синхронизира кога врската ќе се врати.

Интеграција со Wolt

Нарачките од Wolt влегуваат во истиот систем како и останатите, па кујната и дневниот извештај гледаат сè на едно место.

Интеграција со е-Фактура

Издавајте електронски фактури директно од системот, без повторно внесување во посебна програма.

Што велат рестораните

Над 40 ресторани и кафулиња низ Македонија ја користат платформата секој ден. Еве што им менува во секојдневната работа.

Plaset Киоск систем
Киоскот ја реши гужвата на шанкот. Гостите нарачуваат сами, а екипата има време да ја подготви нарачката наместо да ја запишува.
Plaset
Starbar Дигитално мени
Менито го ажурираме сами, кога сакаме. Нов производ или сезонска понуда влегува истиот ден, без печатење и без да чекаме никого.
Starbar
Lovah Caffe QR нарачување
Гостите нарачуваат од масата со скенирање и нарачката веднаш стигнува кај нас. Келнерите повеќе не трчаат само за да земат нарачка.
Lovah Caffe
MyWay Дигитално мени
Откако менито има слики и опис, гостите помалку прашуваат што е што. Тоа е време што им се враќа на келнерите.
MyWay

Пакети за ресторанскиот систем

Три пакети — изберете што му треба на вашиот објект, а ние ќе ви ја испратиме цената на WhatsApp.

Basic

За кафулиња и барови што сакаат дигитално мени.

Вклучено
  • Дигитално мени
  • Админ панел
  • POS систем — не е вклучено
  • Екран за нарачки во кујна — не е вклучено
  • Апликација за келнери — не е вклучено
  • QR нарачување — не е вклучено
  • Киоск систем — не е вклучено
Започни бесплатно
Препорачано

Standard

За ресторани што сакаат целосен систем: каса, кујна и келнери.

Вклучено
  • Дигитално мени
  • Админ панел
  • POS систем
  • Екран за нарачки во кујна
  • Апликација за келнери
  • QR нарачување — не е вклучено
  • Киоск систем — не е вклучено
Започни бесплатно

Pro

За објекти каде што гостите сами нарачуваат — од масата или на киоскот.

Вклучено
  • Дигитално мени
  • Админ панел
  • POS систем
  • Екран за нарачки во кујна
  • Апликација за келнери
  • QR нарачување
  • Киоск систем
Започни бесплатно

Првиот месец е бесплатен — тестирајте без обврска.

Поставување, обука на персоналот и поддршка се вклучени во секој пакет.

Често поставувани прашања

Колку чини EasyOffer?

Дали има бесплатен пробен период?

Колку време трае поставувањето?

Кои уреди ми се потребни?

Што се случува ако падне интернетот?

Дали се поврзува со фискален апарат?

Дали можам да издавам е-фактури?

Дали се поврзува со Wolt?

На колку јазици може да биде менито?

Дали вие ќе ми го внесете менито?

Дали има обука за персоналот и поддршка?

Може ли да сменам пакет или да откажам?

Работите ли и надвор од Скопје?