Админ панел за ресторан

Админ панелот е местото од кое се води ресторанот кога не сте во него. Од прелистувач гледате колкав е прометот денес, кои производи се продаваат, кога се шпиц часовите и колку направил секој келнер. Од истото место го уредувате менито, ги менувате цените и ги поставувате правата на персоналот — а промената важи веднаш на сите уреди. Вклучен е во секој пакет, а првиот месец е бесплатен.

Промет во реално време

Гледате што се случува во моментот, не вчерашен извештај. Отворени сметки, наплатено денес, состојба по маса.

Целосна контрола на менито

Додавајте производи, менувајте цени и сокривајте распродадено — од телефон или компјутер, во секое време.

Извештаи што менуваат одлуки

Најпродавани производи, шпиц часови и промет по келнер, за период што ќе го изберете.

Што точно гледате во админ панелот

Основниот преглед покажува колку е наплатено денес, колку сметки се отворени и што се случува по маси во моментот. Под тоа стојат извештаите по период — ден, недела, месец или произволен опсег. Не е потребно да бидете во објектот: панелот се отвора во прелистувач на телефон или компјутер, па состојбата ја проверувате и од дома.

Кои производи навистина се продаваат

Речиси секој ресторан има производи што стојат во менито со години затоа што „некој ги нарачува понекогаш“. Извештајот за најпродавани го покажува тоа со броеви наместо со чувство. Истиот извештај ги открива и производите што се продаваат подобро отколку што сте очекувале — што е повод да ги ставите погоре во менито или да ги истакнете како препорака.

Шпиц часови и распоред на персонал

Кога знаете точно во кои часови и денови имате најголем проток, распоредот на смени престанува да биде претпоставка. Многу објекти откриваат дека имаат преголем персонал во еден дел од денот и премал во друг. Тоа е трошок што не се гледа додека не се измери.

Управување со менито од едно место

Менито што го уредувате во админ панелот е истото мени што гостите го гледаат преку QR кодот, што келнерите го користат во апликацијата и што се појавува на киоскот. Сменувате цена еднаш и таа е сменета насекаде. Ако нешто се распродаде, го сокривате со еден клик и престанува да се нарачува од сите канали.

Персонал, права и одговорност

Секој член од персоналот има своја сметка со сопствени права. Келнерите гледаат само свои маси, менаџерите гледаат сè, а измените и откажувањата обично се ограничени на менаџерски сметки за да останат следливи. Бидејќи секоја нарачка носи име, при неусогласеност на крајот од смената точно се гледа каде настанала разликата.

Повеќе од извештај на крајот од месецот

Разликата помеѓу каса и систем е токму тука. Касата ви кажува колку сте наплатиле. Админ панелот ви кажува зошто — што се продавало, кога, кому и преку кој канал. Тоа е податокот со кој се менува мени, распоред и цена, наместо да се работи по чувство.

Во кој пакет влегува админ панелот

Функција Basic Standard Pro
Дигитално мени
Админ панел
POS систем —
Екран за нарачки во кујна —
Апликација за келнери —
QR нарачување — —
Киоск систем — —

Зошто рестораните го користат админ панелот секој ден

Во пракса, најчестата употреба не е месечниот извештај туку брзата проверка среде ден — колку е направено досега, дали денешниот петок оди подобро од минатиот, дали новиот производ се продава. Панелот е дел од секој пакет, уште од Basic, и не се наплаќа посебно.

Дали можам да го гледам прометот кога не сум во ресторанот?

Да. Админ панелот се отвора во прелистувач на телефон или компјутер, па состојбата и извештаите ги гледате од каде било со интернет врска.

Колку чини админ панелот?

Админ панелот е вклучен во секој пакет: во Basic заедно со дигиталното мени, а во Standard и Pro заедно со POS системот. Не се продава одделно. За цената на пакетот што одговара на вашиот објект пишете ни на WhatsApp и ќе ви испратиме понуда.

Може ли да ограничам што гледа секој вработен?

Да. Секој корисник има свои права — келнерите ги гледаат само своите маси и нарачки, додека менаџерите ги гледаат сите сметки и извештаи.

Колку брзо се применуваат промените на менито?

Веднаш. Штом зачувате промена, таа важи на QR менито, во апликацијата за келнери, на киоскот и во POS системот истовремено.

Какви извештаи се достапни?

Промет по ден, недела и месец, најпродавани производи, шпиц часови и промет по келнер, за период што сами го избирате.

Дали може повеќе луѓе да бидат најавени истовремено?

Да. Сопственикот, менаџерот и келнерите работат истовремено, секој со свои права и на свој уред.

Што се случува со податоците ако падне интернетот?

Системот продолжува да работи и да прима нарачки, а сè се синхронизира автоматски штом врската се врати — извештаите остануваат целосни.

Дали е потребна обука за да се користи?

Обуката е дел од инсталацијата и трае помалку од еден час. Најчестите дејства — промена на цена и сокривање производ — се на неколку кликови.

Контактирајте нè за персонализирана понуда

Започни бесплатно